Потрошувачите, особено родителите, се на нозе по шокантната вест што доаѓа од Полска! Санитарната инспекција (GIS) издаде итно и официјално предупредување за веднаш да се прекине со употреба на влажните марамчиња Bella Happy Aqua Care. Она што требаше да биде нежна нега за најмилите, се претвори во сериозна микробиолошка закана.
Лабораториските анализи откриле дека производот е контаминиран со несакани микроорганизми. Иако инспекцијата предупредува на општ ризик, се сомнева на присуство на бактеријата Burkholderia cepacia. Овој „невидлив напаѓач“ може да биде кобен за најранливите категории.
Додека здравите возрасни лица можеби нема да почувствуваат ништо, кај бебињата и малите деца со неразвиен имунитет, последиците можат да бидат драматични:
- Сериозни инфекции: Напади врз кожата и слузокожата.
- Респираторни проблеми: Оштетување на дишните патишта.
- Тешки компликации: Огромен ризик за деца со хронични болести или веќе ослабен имунитет.
Засега, одлуката за повлекување се однесува на пазарот во Полска, каде што се произведени од гигантот TZMO SA. Сепак, со оглед на широката дистрибуција на овој бренд, експертите советуваат внимателност и проверка на залихите дома.
Проверете ги веднаш вашите полици! Безбедноста на децата нема цена, а овој пропуст во производството јасно покажува дека дури и најпознатите брендови можат да потфрлат кога станува збор за хигиената. Дали е време за поголема контрола на производите за бебиња? Извештаите од терен најавуваат уште поголеми проверки во наредниот период!








