ПРВ.мк
Свет

Светот е пред колапс – Горат најголемите наоѓалишта, еве зошто сметките за греење ќе станат вистински кошмар!

Светот е пред колапс – Горат најголемите наоѓалишта, еве зошто сметките за греење ќе станат вистински кошмар!
Kristal

ланот на глобалните моќници се претвори во огнена стихија која директно ќе го удри џебот на секој граѓанин. Додека воените авиони на САД и Израел го параат небото над Иран, енергетската паника веќе го тресе светот. Цената на природниот гас не само што расте – таа буквално „лета“ во непознат правец, заканувајќи се да ја клекне на колена и македонската економија.

Она од што сите стравуваа, се случи. Воен конфликт го зафати целиот Близок Исток, а метите се прецизно избрани за да предизвикаат максимален хаос. Клучниот индустриски комплекс Рас Лафан во Катар, кој е светски нервен центар за гас, се најде под оган. Како тоа да не беше доволно, Израел го нападна и иранското гасно поле Јужен Парс – најголемиот енергетски базен на планетата. Резултатот? Уништена инфраструктура и страв кој ја диктира берзанската цена.

Транспортот преку славниот Ормутски теснец е речиси целосно мртов. Ова е патека низ која поминува виталниот дел од светската енергија, а сега е претворена во воена зона. Со оглед на тоа што Катар контролира дури една петтина од светските залихи на течен гас (LNG), секој прекин во снабдувањето значи само едно: недостиг и астрономски цени.

Македонија не е изолиран остров. Бранот на поскапувања кој доаѓа од Блискиот Исток ќе се почувствува низ цела Европа. Додека гигантите војуваат за превласт, обичниот човек се подготвува за зима во која гасот ќе вреди колку суво злато. Дали сме подготвени за новиот енергетски шок или ова е само почеток на тоталниот економски пресврт?

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape