ПРВ.мк
Свет

Во украинската војска завршуваат и психички болни – како е тоа можно?

Во украинската војска завршуваат и психички болни – како е тоа можно?
Escape

Во украинската армија сè почесто се регрутираат мажи со тешки психички и физички заболувања, иако според закон не се подобни за служба. „Дојче Веле“ анализира како овие луѓе сепак добиваат повик за на фронт.

Пример е 28-годишниот Васиљ, кој има психијатриска дијагноза од 2015 година. И покрај тоа, добива повик и е испратен на обука. Неговата девојка сведочи дека Васиљ заборава, не се ориентира и не знае ниту во која земја живее.

Проблемот е што таквите дијагнози не се внесуваат автоматски во електронскиот систем, туку само со согласност од пациентот. Без документи – армијата смета дека се здрави.

Иако законот дозволува ослободување од војска поради вакви заболувања, во пракса тоа ретко се случува. Само годинава се примени над 2.000 жалби. Омбудсманот признава дека има мобилизирани и тешко болни.

Офицери сведочат за војници со шизофренија, епилепсија, зависности, па дури и туберкулоза – со оружје во рака.

Министерството не признава дека има проблем, но правната комесарка Олга Решетилова бара итни измени, предупредувајќи дека овие луѓе се опасност и за себе и за единицата.

„Ако Васиљ биде испратен на фронт, никој не знае во кого ќе впери оружје“, вели неговиот адвокат.

Mia Home Mavrovo