ПРВ.мк
Свет

(ФОТО) Крвава ноќ во Украина: Русија погоди станбени згради и спасувачи – има загинати и повредени

(ФОТО) Крвава ноќ во Украина: Русија погоди станбени згради и спасувачи – има загинати и повредени
Escape

Русија синоќа изврши масовен и жесток воздушен напад врз повеќе украински градови, оставајќи зад себе мртви, ранети и уништена инфраструктура. Нападот беше „комбиниран“, со употреба на ракети, дронови и водени бомби, а мети беа Харков, Днепар, Камјанске и Шостка.

Во регионот Днепар, украинската ПВО собори седум ракети и 26 дронови, но неколку успеаја да пробијат. Во самиот град Днепар, загина еден маж, а жена беше повредена откако ракета го погоди станбен облакодер. Избија пожари на повеќе локации – запалени се автомобили на паркинг, индустриски објекти и трговски центар. Уште едно лице го загуби животот во околината на градот, а четворица се повредени.

Нападите се проширија и на заедницата Покровска во округот Синелниково со употреба на водени бомби, а дронови ги таргетираа Никопол и Марханец.

Во Харков, вториот по големина украински град, нападите започнаа околу 1:30 часот по полноќ и траеја речиси три часа. Резултатот: четири водени бомби, две балистички ракети и 15 ирански дронови Шахед го погодија градот. Станбени објекти, цивилни згради и патишта се оштетени, а избувнаа и големи пожари. Пет лица беа повредени – меѓу нив и тројца работници од службите за итни случаи кои беа убиени во вториот напад додека им помагаа на жртвите од првиот.

Градоначалникот Ихор Терехов изјави: „Непријателот ги таргетира оние кои спасуваат животи. Ова е чист тероризам.“

Во петок, на 25 јули, Харков беше мета на уште еден напад, овојпат врз медицинска клиника – загина едно лице, а повредени беа најмалку 14, вклучувајќи 12-годишно девојче. Нападот бил извршен со нов тип руска водена воздушна бомба – УМПБ Д-5 тешка 250 килограми, фрлена од авион Су-34. Само ден порано, 33 лица беа повредени во напад врз центарот на градот.

И во северниот град Шостка руските сили користеа иста тактика – дронови, ракети и водени бомби. Гувернерот на Сумската област, Олех Хрихоров, потврди дека три лица – две жени и еден маж – се хоспитализирани со изгореници и рани од шрапнели. Нападот уништи четири приватни куќи и оштети бројни станбени згради и инфраструктура. Локалните власти отворија центар за итна помош на погодените граѓани.

Ова не е првпат Шостка да биде на мета – на 14 јули, сличен напад однесе два животи и повреди уште четворица.

Украина повторно ја помина ноќта под огнено небо – додека цивилите бегаат од урнатините, светот повторно гледа како војната безмилосно се шири низ целиот исток и север на земјата.

Mia Home Mavrovo