ПРВ.мк
Свет

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: СИ ЈА УБИЛ ЌЕРКАТА ПО РАСПРАВИЈА ЗА ТРАМП! - ова се деталите

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: СИ ЈА УБИЛ ЌЕРКАТА ПО РАСПРАВИЈА ЗА ТРАМП! - ова се деталите
Kristal

Шокантни детали излегоа на виделина во случајот со 23-годишната Британка Луси Харисон, која беше застрелана за време на посета кај својот татко во Тексас.

Инцидентот се случил на 10 јануари 2025 година во градот Проспер, во близина на Далас. Според наодите од истрагата, истиот ден Луси имала жестока расправија со својот татко Крис Харисон, а темата на конфликтот бил американскиот претседател Доналд Трамп, кој се подготвувал за инаугурација за втор мандат.

Полицијата првично го третираше случајот како можно убиство од небрежност, но големата порота во округот Колин одлучила да не покрене обвинение против таткото.

Нејзиното момче, Сем Литлер, кое било со неа во САД, изјавило дека Луси често се спротивставувала на ставовите на татко ѝ, особено кога станувало збор за оружје. Крис Харисон, кој години претходно се преселил во Америка, во судска изјава признал дека на денот на трагедијата испил околу половина литар вино.

Тој тврди дека пукањето било несреќен случај додека ѝ го покажувал својот полуавтоматски пиштол. „Го кренав оружјето за да ѝ го покажам и одеднаш одекна истрел. Не разбрав што се случи – Луси падна веднаш“, изјавил во истрагата.

Случајот предизвика бурни реакции и повторно ја отвори дебатата за оружјето и безбедноста во САД.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo