ПРВ.мк
Свет

СКАНДАЛОЗНА ОБЈАВА: Израел тајно распоредила сили во Азербејџан - што следува?

СКАНДАЛОЗНА ОБЈАВА: Израел тајно распоредила сили во Азербејџан - што следува?

Според наводите, дел од воените единици биле распоредени во јужен Азербејџан, во близина на границата со Иран. Си-ен-ен тврди дека на таа локација биле присутни припадници на израелските специјални сили, разузнавачки оперативци и други воени структури, кои наводно учествувале во следење и планирање операции против Иран.

Сепак, веднаш по објавувањето на овие информации следел остар демант од властите во Баку, пренесен од агенцијата Анадолу.

Министерството за надворешни работи на Азербејџан соопштило дека наводите се целосно неосновани и побарало од Си-ен-ен да ги повлече. Според официјалниот став, територијата на Азербејџан никогаш не била користена за воени или разузнавачки операции насочени против Иран.

Азербејџан дели повеќе од 700 километри граница со Иран и со години одржува блиски безбедносни и воени односи со Израел. Поради оваа географска и политичка позиција, Техеран често изразува сомнежи за можно присуство на израелски разузнавачки структури во земјата, иако таквите тврдења никогаш не биле официјално потврдени.

Засега не постојат независно потврдени докази што ги поддржуваат тврдењата на Си-ен-ен, ниту пак се објавени материјални докази за присуство на израелски сили. Од друга страна, азербејџанските власти инсистираат дека станува збор за дезинформација и политичка провокација.