ПРВ.мк
Свет

ШОК НА МУНДИЈАЛОТ: Прославата се претвори во хорор – пукање меѓу навивачи

ШОК НА МУНДИЈАЛОТ: Прославата се претвори во хорор – пукање меѓу навивачи

Во САД се случил сериозен безбедносен инцидент по фудбалски натпревар, кога славењето на навивачите се претворило во хаос и паника по пукање на улиците.

Според првичните информации од полицијата, најмалку четири лица се ранети во вооружениот инцидент што се случил за време на масовно собирање на навивачи по завршување на натпревар од Светското првенство.

Очевидци пријавиле дека се слушале рафални истрели, по што настанала паника меѓу присутните, а луѓето почнале да бегаат во различни правци.

Полицијата добила голем број повици од исплашени граѓани, кои пријавиле пукање на улиците. На местото на инцидентот веднаш пристигнале полициски и медицински екипи, кои ги пронашле повредените и им укажале помош.

Сите ранети се пренесени во болница, но засега нема официјални информации за тежината на нивните повреди.

Безбедносните сили го блокирале поширокото подрачје и започнале интензивна потрага по напаѓачите. Мотивите за инцидентот сè уште не се познати, а истрагата е во тек.

Надлежните најавуваат дека ќе следуваат дополнителни информации како што ќе напредува истрагата.