ПРВ.мк
Свет

ТРАМП СО СИЛНА ПОРАКА: „КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПРОГНОЗИ ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ПАДНАА ВО ВОДА!“

ТРАМП СО СИЛНА ПОРАКА: „КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПРОГНОЗИ ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ПАДНАА ВО ВОДА!“

Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика внимание со нова објава на својата социјална мрежа „Truth Social“, во која тврди дека катастрофалните предвидувања за климатските промени се покажале како неточни.

Трамп порача дека Меѓувладиниот панел за климатски промени на Обединетите нации (IPCC) ги повлекол претходните климатски проекции, бидејќи, според него, било утврдено дека не се доволно сигурни.

„Екстремната климатска наука замина во историјата!“, напиша американскиот претседател, обвинувајќи ги климатските активисти дека со години предупредувале на катастрофални последици од глобалното затоплување.

Тој тврди дека истата организација која претходно ги претставувала климатските проекции како научно утврдени, сега признала дека тие не се веродостојни.

„Нема повеќе катастрофални предвидувања. Нема повеќе! Нема повеќе! Нема повеќе!“, порача Трамп.

Сепак, американскиот претседател не наведе конкретен извештај или официјална одлука на IPCC со која би се потврдило неговото тврдење.

Според објаснувањето што го пренесува „Индекс“, промените се однесуваат на сценаријата за идните емисии на стакленички гасови, кои научниците периодично ги ажурираат врз основа на нови податоци.

Од поновите сценарија е изоставена една претходна претпоставка за екстремно високи емисии, бидејќи таквиот развој денес се смета за помалку веројатен.

Меѓутоа, тоа не значи дека IPCC ги отфрлил научните заклучоци за климатските промени или дека престанала опасноста од понатамошно глобално затоплување.

Најнови вести