Утрово Американската амбасада во Багдад беше таргетирана од беспилотно летало, потврди неименуван ирачки безбедносен функционер.
Ирачките системи за воздушна одбрана успеале да го неутрализираат дронот, кој имал намера да ја погоди дипломатската мисија сместена близу меѓународниот аеродром во Багдад. Над комплексот на амбасадата се забележувал видлив чад.
Инцидентот се случува по низата напади насочени кон проиранска вооружена група во Ирак, при што загинаа двајца нејзини борци.


















