ПРВ.мк
Свет

КИМ ЏОНГ УН ПО 24 ЧАСА ПАТУВА СО ОКЛОПЕН ВОЗ КОН ПЕКИНГ: Средба со Путин и Шји Џинпинг

КИМ ЏОНГ УН ПО 24 ЧАСА ПАТУВА СО ОКЛОПЕН ВОЗ КОН ПЕКИНГ: Средба со Путин и Шји Џинпинг

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун отпатува со својот оклопен воз од Пјонгјанг за Кина, каде што ќе присуствува на голема воена парада по повод Денот на победата. На парадата, која ќе се одржи во среда во Пекинг, Ким ќе се сретне со Шји Џинпинг, Владимир Путин и Александар Лукашенко, што ќе биде неговата прва мултилатерална меѓународна средба.

Возот од Пјонгјанг е опремен со луксузен ресторан, во кој се служат француски вина и јадења како свеж јастог, но поради високото ниво на безбедност, патувањето ќе трае цели 24 часа. Ова е првпат од 1959 година севернокорејски лидер да присуствува на кинеска воена парада.

Меѓу 26-те потврдени странски лидери, нема да има западни претставници, а од Европската Унија ќе присуствува само словачкиот премиер Роберт Фицо. На парадата ќе присуствуваат и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, српскиот претседател Александар Вучиќ, спикерот на јужнокорејскиот парламент Ву Вон-шик, претседателот на Индонезија Прабово Субијанто, како и лидерите на Мјанмар и Куба.

Ким ретко патува во странство; последниот пат ја посети Кина во 2019 година и неодамна беше кај Путин во Русија. Традицијата на патувања со оклопен воз ја започнал неговиот дедо, Ким Ил Сунг, кој со воз патувал и до Источна Европа. Возот на Ким има околу 90 вагони, обезбедувајќи целосна заштита и луксуз за лидерот.

Escape