Тензиите нагло ескалираат откако Иранската револуционерна гарда постави рок – од утре навечер започнуваат напади врз американски компании на Блискиот Исток.
Според објавата, крајниот рок е 20 часот по локално време, по што, како што тврдат, ќе следуваат директни акции како одговор на претходни напади за кои го обвинуваат Соединетите Американски Држави и нивните сојузници, вклучително и Израел.
Во пораката се наведува дека компании поврзани со технологија, вештачка интелигенција и комуникации ќе бидат третирани како „легитимни цели“. Меѓу потенцијалните мети се и глобални гиганти како Microsoft, Google, Apple, Intel, IBM, Tesla и Boeing.
Дополнително, на вработените во овие компании им било препорачано веднаш да ги напуштат работните позиции, што укажува на сериозноста на заканата.
Оваа најава претставува драматична ескалација и отвора можност за поширок конфликт со економски последици на глобално ниво.
Светот сега е во исчекување – дали станува збор за реална акција или за силен притисок во геополитичка игра со непредвидлив исход.


















