ПРВ.мк
Свет

Украина ja отфрла изјавата на Путин: „Нереални се ветувањата за окупираните територии“

Украина ja отфрла изјавата на Путин: „Нереални се ветувањата за окупираните територии“
Escape

Украинските власти остро реагираа на последните изјави на Владимир Путин, кој во една од своите најпровокативни пораки досега изјави дека „каде што стапне руски војник – тоа е наше“. Украинците порачуваат: ваквите амбиции се целосно нереални.

Путин и натаму тврди дека четири делумно окупирани региони – Херсон, Запорожје, Донецк и Луганск – се „дел од Русија“, иако Москва не ги контролира целосно ниту по 40 месеци војна.

Во Киев сметаат дека овие тврдења не само што се неосновани, туку претставуваат директна закана за проширување на агресијата и нов обид за уништување на украинскиот идентитет.

Русија и нејзините власти во окупираните зони се обвинети за масовни злоупотреби – од тортура и киднапирања до системско бришење на украинската култура и наметнување на руска власт.

Украина порачува: „Не само што нема да се предадеме, туку нема да дозволиме криминалните соништа на Путин да станат реалност.“

Mia Home Mavrovo