ПРВ.мк
Свет

ПОРАНЕШЕН РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ УАПСЕН ЗА ОБИД ЗА СИЛУВАЊЕ!

ПОРАНЕШЕН РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ УАПСЕН ЗА ОБИД ЗА СИЛУВАЊЕ!
Kristal

Поранешен англиски репрезентативец и фудбалер кој играл во Премиер лигата е уапсен под сомнение за обид за силување, откако случајот бил пријавен од неговата поранешна партнерка, објави лондонскиот весник „Сан“.

Без да се открие името на осомничениот, весникот наведе дека фудбалерот бил приведен на аеродромот „Станстед“ во Есекс.

Поранешниот спортист, кој настапувал за репрезентацијата на Англија во 2010 година, бил уапсен на пасошка контрола, каде полицајците го запреле пред да се качи на својот лет.

Полицијата потврди дека неговите податоци покажале дека тој е барано лице поради обвинение за обид за силување, поднесено од неговата поранешна партнерка.

„Мажот е уапсен под сомнение за обид за силување и е ослободен со кауција до крајот на февруари 2026 година, додека истрагата продолжува“, соопшти полицијата во Есекс, истакнувајќи дека случајот останува во фаза на истрага и дека ќе бидат преземени сите потребни правни мерки.

FixCredit
Atensa 300
Escape