Хрватската ракометна репрезентација го загуби уште еден играч пред стартот на Европското првенство. Новиот член на Вардар 1961, Леон Љевар, сериозно го повреди коленото по пад на тренинг и нема да може да настапи на шампионатот.
Љевар ќе се подложи на операција на медијалниот лигамент во среда, а лекари прогнозираат дека за опоравок ќе му бидат потребни најмалку три недели пред да се врати на теренот.
Хрватската репрезентација на Европското првенство ќе игра во групата во Малме, заедно со Шведска, Холандија и Грузија.
















