ПРВ.мк

PUMA – новата официјална топка на Купот на Македонија и МФЛ: Фудбалот добива ново темпо!

PUMA – новата официјална топка на Купот на Македонија и МФЛ: Фудбалот добива ново темпо!
Jumbo Banner

Македонскиот фудбал влегува во нова ера! Германскиот спортски гигант PUMA е новиот официјален партнер на Фудбалската федерација на Македонија, а нивната топка ќе се користи на финалето од Купот на Македонија, како и во текот на целата следна сезона во Првата македонска фудбалска лига (МФЛ).

Оваа значајна новина беше овозможена благодарение на ангажманот и визијата на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, кој и овојпат покажа дека македонскиот фудбал заслужува квалитет, иновација и ново темпо на развој.

„Со ова партнерство ја подигнуваме професионалноста на едно ново ниво. PUMA е бренд со врвна репутација во светскиот спорт и нивното присуство на нашите терени значи многу – и за играчите, и за навивачите,“ изјавија од ФФМ.

Топката на PUMA ќе биде симбол на новиот почеток и свежа енергија што Федерацијата ја внесува во домашниот фудбал. Со фокус на квалитетни натпревари, модерна опрема и професионални стандарди, мак-фудбалот чекори напред.

Оваа соработка е уште еден потег со кој се потврдува решеноста на ФФМ да го подигне спортот во Македонија – не само со зборови, туку со конкретни резултати и партнерства од светска класа.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран