ПРВ.мк
Спорт

ПРЕСВРТ ВО ТОРИНО: КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ГО ДОБИ СПОРОТ - ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ИСПЛАТИ ЈУВЕНТУС

ПРЕСВРТ ВО ТОРИНО: КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ГО ДОБИ СПОРОТ - ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ИСПЛАТИ ЈУВЕНТУС
Kristal

Кристијано Роналдо излезе како конечен победник од долгата правна битка со Јувентус, откако Апелацискиот суд во Италија донесе одлука што ја потврдува пресудата во негова корист.

Португалската фудбалска ѕвезда го напушти Јувентус во 2021 година и се врати во Манчестер јунајтед, но зад себе остави нерешен финансиски спор. Роналдо тврдеше дека клубот од Торино не му исплатил плати во износ од речиси 20 милиони евра, кои биле одложени за време на пандемијата со коронавирусот.

Првостепениот суд во Торино одлучи дека Јувентус мора да му исплати половина од побараната сума, односно околу 9,8 милиони евра, сметајќи дека постои обврска, но и заедничка одговорност поради кризата во тој период.

Јувентус не се помири со одлуката и поднесе жалба до Апелацискиот суд за работни спорови, надевајќи се на поинаков исход. Сепак, по подолга постапка, судот ја одби жалбата и пресуди дека првичната одлука е правилна и законска.

Со тоа, Роналдо дефинитивно ги задржува речиси 10-те милиони евра, а „старата дама“ дополнително ќе мора да ги подмири и сите судски трошоци.

Оваа пресуда претставува уште еден тежок удар за Јувентус, но и јасна победа за еден од најголемите фудбалери во историјата.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo