ПРВ.мк
Спорт

По мечот со Данска се огласи сопругата на Трајковски и испрати силна порака - 'Ова беше нечовечки и неправедно' (Фото)

По мечот со Данска се огласи сопругата на Трајковски и испрати силна порака - 'Ова беше нечовечки и неправедно' (Фото)
Kristal

Македонската фудбалска репрезентација доживеа тежок пораз од 4:0 на гостувањето во Данска, но по натпреварот вниманието не беше насочено само кон резултатот, туку и кон една реакција која брзо се прошири во јавноста.

Искусниот напаѓач Александар Трајковски, кој во минатото беше еден од клучните играчи и херој во историскиот пласман во бараж-финалето, овојпат остана без минутажа. Новиот селектор Гоце Седлоски се одлучи да им даде шанса на помладите фудбалери, додека Трајковски целиот меч го проследи од клупата.

Иако самиот играч не даде јавен коментар и остана воздржан, силна реакција дојде од неговата сопруга Александра, која преку емотивна порака јавно го искажа своето незадоволство.

Таа потенцираше дека е разочарана од третманот кон фудбалер кој со години бил посветен на репрезентацијата, нагласувајќи дека зад неговата кариера стојат голем труд, одрекувања и придонес кој, според неа, не смее да биде занемарен.

Во објавата, таа укажа дека ваквите одлуки отвораат прашања за тоа како се вреднуваат искуството и лојалноста во тимот, особено кога станува збор за играчи кои долги години го носеле товарот на репрезентацијата.

Дополнително, посочи дека не станува збор за барање привилегии, туку за основна почит кон вложениот труд и годините посветени на националниот дрес, потенцирајќи дека ваквите ситуации оставаат впечаток кој, како што вели, „се чита меѓу редови“.

Случајот отвори дискусија меѓу навивачите и јавноста за тоа дали станува збор за нормална генерациска смена или за одлука која ќе предизвика подлабоки реакции во репрезентацијата.

– Вечерва гледав нешто што искрено ме заболе. Не само како сопруга, туку како некој што знае колку труд и колку одрекувања има зад животот на еден прав професионалец. Гледав како седи на клупа човек кој со години безрезервно даваше се за тимот и репрезентацијата, човек кој толку многу придонесе за својата земја со своите игри и со оставеното срце на теренот.

– Гледав како молчи достоинствено, но јас не можам да молчам. Ова не е во ред, ова не е човечки, ова е неправда. Во време кога квалитетот, искуството и лојалноста треба да бидат мерило, ние гледаме како се тргаат настрана играчите кои го носеа товарот и одговорноста со години. Најлошо од се, тоа се прави како да изгледа нормално, а тоа не е нормално и не смее да биде.

– Не барам привилегии, не барам ништо што не е заслужено, само барам почит за работата, за вложениот труд, за годините кои не можат да се вратат. Кога ќе престанеме да ги почитуваме вредностите, кога забораваме кој градел и давал, тогаш не го губиме само играчот. Го губиме и образот, ја губиме смислата. Тоа е она што најмногу боли. Човекот кој даде толку многу за репрезентацијата, вечерва не доби шанса за свој 99-ти настап. Се се чита измеѓу редови, добра ноќ….., – порача Александра.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo