ПРВ.мк

Нов удар за “Кралевите”: Белингем мора на операција

Нов удар за “Кралевите”: Белингем мора на операција
Vero

Белингем оди на операција по Светското клупско првенство – ќе го пропушти стартот на новата сезона

Една од клучните ѕвезди на Реал Мадрид, англискиот репрезентативец Џуд Белингем, ќе мора да се подложи на оперативен зафат на рамото по завршувањето на Светското клупско првенство, објави „Атлетик“.

Белингем веќе подолг период, речиси две години, се соочува со проблеми со рамото и постојано игра со заштитен завој. И покрај болката, тој продолжи да настапува на високо ниво за клубот и за репрезентацијата.

Операцијата е закажана за веднаш по завршувањето на Светското клупско првенство на ФИФА, кое ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули во САД. Очекуваниот период на рехабилитација е околу 12 недели, што значи дека Белингем речиси сигурно ќе го пропушти почетокот на следната сезона во шпанската Ла Лига.

Според истите извори, интервенцијата ќе се изврши во специјализирана клиника каде што веќе беа успешно оперирани неколкумина играчи на Реал Мадрид оваа сезона, меѓу кои Ферланд Менди, Антонио Рудигер и Едер Милитао.

Клубот сè уште нема излезено со официјално соопштение, но очекувањата се дека Белингем ќе биде во целосна форма за клучниот дел од следната натпреварувачка година.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран