ПРВ.мк
Спорт

Мбапе под лупа: „Подарил“ 180.000 евра на полицајци – сега му се заканува истрага!

Мбапе под лупа: „Подарил“ 180.000 евра на полицајци – сега му се заканува истрага!
Escape

Француската фудбалска суперѕвезда Килијан Мбапе, кој денес блеска во дресот на Реал Мадрид, се најде во центарот на финансиски скандал – пет полицајци добиле вкупно 180.300 евра од неговата лична сметка, а сега случајот е предмет на официјална истрага во Франција.

Според угледниот француски медиум „RMC Sport“, исплатите се случиле уште во 2023 година, во период кога полицајците биле ангажирани за обезбедување на француската репрезентација, но и на приватни патувања на Мбапе низ Франција и Африка.

Конкретно, четири припадници на полицијата добиле по 30.000 евра, додека нивниот претпоставен добил 60.300 евра, сè од банкарска сметка што се води на име на Килијан Мбапе.

Според објаснувањето од страна на самиот фудбалер, се работело за „жестока благодарност“ – сакајќи да ги награди луѓето кои, според него, професионално и пожртвувано се грижеле за неговата и безбедноста на неговите соиграчи.

И покрај добрата намера, француските истражни органи отвориле истрага, со цел да се утврди дали овие исплати биле во согласност со законот и дали постои можност за неовластено давање пари на државни службеници, што во Франција е строго регулирано.

Извори блиски до фудбалерот тврдат дека Мбапе е подготвен целосно да соработува со надлежните институции и нема намера да го попречува процесот.

Останува да се види дали ова ќе прерасне во сериозен правен проблем за еден од најплатените фудбалери на светот, или ќе биде оценето како добронамерен, но несоодветен потег.

Mia Home Mavrovo