ПРВ.мк

Кое е вистинското име на Ламине Јамал? Сите слушнале за него, но никој не знае дека ова е неговото вистинско име

Кое е вистинското име на Ламине Јамал? Сите слушнале за него, но никој не знае дека ова е неговото вистинско име
Jumbo Banner

Ламине Јамал повторно е во фокусот на фудбалската јавност поради она што го направи на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампиони.

Во спектакуларниот меч меѓу Барселона и Интер, кој заврши 3:3, младиот Јамал буквално го фасцинираше светот.

Иако има само 17 години, тој веќе го одигра својот 100-ти натпревар за сениорскиот тим – што е неверојатно само по себе. Но, тоа не е сѐ. На овој меч тој постигна гол за 1:2 на „Монжуик“, со што влезе во историјата како најмладиот стрелец некогаш во полуфинале на Лигата на шампиони.

По натпреварот, шпанските медиуми пренесоа една интересна и навистина убава приказна – за неговото полно име. Имено, фудбалерот на Барселона се вика: Ламине Јамал Насрауи Ебана.

Талент, зрелост и историја – сè во еден 17-годишен тинејџер кој сè уште е на почетокот на она што ветува да биде феноменална кариера.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран