Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер се големи ривали, но црвено-црните покажаа вистински спортски дух и му честитаа на битолскиот клуб за пласманот на младинците на Ф4 турнирот во Келн во Лигата на шампионите.
Од Вардар порачаа:
„Честитки до Еурофарм Пелистер за пласманот на Ф4. Секогаш се радуваме на успехот на македонските екипи на европска сцена. Ривалството носи напредок. Им посакуваме ист успех како Вардар во 2017 кога стана европски првак.“
Пелистер веднаш возврати со благодарност.
Покрај битолчани, на младинскиот Ф4 ќе настапат и Барселона, Веспрем и ГОГ Гудме.