ПРВ.мк

Ѓорческа елиминирана во Куршумлиска бања

Ѓорческа елиминирана во Куршумлиска бања
Vero

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ фјучрсот Куршумлијска бања 75 откако денеска во мечот од второто коло загуби од Aна Сискова од Чешка со 2-0 во сетови (62 76(2) за 84 минути игра.

Противничката подобро го почна мечот и поведе со 3:0 во гемови и притоа направи брејк во вториот гем. И следниот брејк го направи тенисерката од Чешка која стигна до водство од 5:1, додека Ѓорческа успеа да напарви брејк во следниот гем на сервис на ривалката. Сепак во осмиот гем Сискова со уште еден брејк го потврди водството во првиот сет.

На стартот на вториот сет македонската тенисерка направи брејк за водство од 1:0, а потоа во петтиот гем стигна и до предност од 4:1.во гемови. Но, ривалката успеа да се врати и со два брејка стигна до 5:5, откако резултатот беше 6:6, се играше тај брејк. Во завршниот гем од сетот на поени, Сискова имаше три мини брејка за водство од 6:1 во поени што беше најава за победата.

Ѓорческа ја очекува уште еден турнир во Куршумлиска бања во следната недела.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран