Денеска во Собранието на Република Македонија, Министерството за спорт свечено ги додели државните награди „8 Септември“ за особени остварувања во спортот. Со оваа церемонија, ја истакнуваме посветеноста, талентот и успешноста на нашите спортски херои.
Наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот и афирмацијата на македонскиот спорт на меѓународен план ја доби проф. д-р Јошко Миленкоски – истакнат одбојкар, универзитетски професор и долгогодишен тренер, актуелен селектор на македонската одбојкарска репрезентација.
Државни еднократни награди „8 Септември“ за извонредни остварувања добија:
- Хамид Бакија – за одлични достигнувања во боречки спортови
- Зоран Николовски – за придонес во фудбалот
- прим. д-р Виктор Тевчев – за поддршка и развој на спортската медицина
- Кирил Манев – за успех во силови спортови
Овие признанија се доказ дека посветеноста, трудот и љубовта кон спортот оставаат трајни и инспиративни резултати. Министерството за спорт им упатува искрени честитки на сите добитници и ја потврдува поддршката за развојот на македонскиот спорт на сите нивоа.