Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој го мина вториот дел од сезоната на позајмица во Торино, наскоро ќе го напушти Лајпциг, а за неговиот потпис германскиот клуб бара околу 20 милиони евра.
Најреалната опција засега е враќање во Италија – Торино сака да го откупи, но не е подготвен да ја покрие целата сума. Наполи, пак, нема финансиски проблеми и се смета за главен фаворит за неговиот трансфер.
Интерес покажале и турскиот Бешикташ и англискиот Вест Хем, што го става Елмас во срцето на трка помеѓу три големи фудбалски лиги. Дали македонскиот ас ќе се врати во Серија А или ќе тргне кон нова дестинација, ќе се одлучи наскоро.