ПРВ.мк
Македонија

Шокантно за родителите: Искинати учебници повторно стигнаа до учениците, МОН најавува брзо решение

Шокантно за родителите: Искинати учебници повторно стигнаа до учениците, МОН најавува брзо решение

По почетокот на учебната година, родители од целата држава реагираат за искинати и недоволни учебници кои учениците ги добиле, дел уште од крајот на претходната учебна година. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од комплети без корици, половина учебници или со неисчитливи страници. Родителите укажуваат дека недостасуваат учебници по одредени предмети, а искршените и ишкртаните страници го отежнуваат учењето.

„Само фалби, пак нема учебници... испокинати како лани, па секој лист го лепиме со селотејп... историја, географија, англиски, нема во ниедно училиште…“ пишуваат загрижени родители.

Министерството за образование информира дека оваа година сите 245 илјади ученици ќе добијат комплетни учебници, вклучувајќи и недостасувачките по странските јазици. Испораката до сите училишта треба да заврши до крајот на неделава, со цел учениците да можат непречено да започнат со учење.

Escape