ПРВ.мк
Спорт

Билетен хаос на ЕП 2026: Исланд исфрлени од трибините пред полуфинале!

Билетен хаос на ЕП 2026: Исланд исфрлени од трибините пред полуфинале!
Kristal

Нов бран незадоволство ја тресе ракометната јавност во пресрет на завршницата на ЕХФ ЕУРО 2026. Навивачите на Исланд се соочуваат со сериозен проблем – речиси невозможно е да се дојде до официјален билет за полуфиналниот дуел против Данска, закажан за вечерва во 20:30 часот.

Според исландските медиуми, билетите за финалниот викенд се практично распродадени уште пред да биде познато кои репрезентации ќе играат во полуфиналето. Мал број карти што повремено се појавуваат завршуваат исклучиво на црниот пазар, по енормно високи цени, што ги принудува навивачите да се откажат од патувањето.

Фановите откриваат дека се обиделе да обезбедат билети преку навивачки групи од други земји, но и таму наишле само на нелегална понуда. Не сакале да ризикуваат, иако се надеваат дека барем дел од публиката ќе навива за Исланд со поддршка од симпатизери од други нации.

Најголемиот револт е насочен кон начинот на кој ЕХФ ја организира дистрибуцијата на билетите. Навивачите сметаат дека е неправедно што не се резервираат посебни сектори за репрезентациите кои допрва се борат за пласман во завршницата.

Дополнителен апсурд, според нив, е што во салата често се гледаат празни места, додека илјадници вистински фанови остануваат пред вратите. „Можевме да наполниме неколку авиони со навивачи“, порачуваат разочараните Исланѓани, нарекувајќи ја организацијата – скандалозна.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo