ПРВ.мк
Скопје

ВНИМАНИЕ, СКОПЈАНИ: Утре специјален сообраќаен режим низ градот – еве кои улици ќе бидат под посебен режим!

ВНИМАНИЕ, СКОПЈАНИ: Утре специјален сообраќаен режим низ градот – еве кои улици ќе бидат под посебен режим!
Kristal

Утре (сабота), поради верскиот празник Задушница, ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје, соопштија надлежните од Министерството за внатрешни работи. Мерките ќе ги спроведува Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје.

Со почеток од 06:00 часот, сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива по кружен систем, односно во една насока. Сите возила ќе се движат по улицата „Бутелска“, потоа лево по „Александар Урдаревски“, повторно лево по „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел.

За излез, возилата ќе се движат десно по „Боца Иванова“, до кружниот тек на „Бутелска“, потоа лево по „Бутелска“ и десно по „Кемал Сејфула“.

Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен и во околината на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров, каде што се очекува зголемена фреквенција на возила поради празникот.

Од МВР апелираат граѓаните строго да ги почитуваат насоките и наредбите што ќе ги даваат полициските службеници на терен, со цел да се избегнат метежи и да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo