ПРВ.мк
Скопје

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Делови од Скопје утре повторно без вода - еве до кога ќе трае прекинот!

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Делови од Скопје утре повторно без вода - еве до кога ќе трае прекинот!
Kristal

Без вода за пиење ќе останат утре дел од корисниците во општина Центар, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ била добиена информација дека прекинато водоснабдување ќе имаат корисници на делови од „Тодор Александров“ и „Партение Зографски“.

Како што се појаснува во соопштението, причината е поврзување на нова водоводна мрежа на крстосницата од „Тодор Александров“ и „Периша Савелиќ“.

Прекинот во водоснабдувањето е најавено од девет часот па сè до завршување со работните активности.

FixCredit
Escape