Во Градскиот парк во Скопје денес е затекната оборена бистата на Кочо Рацин, еден од најзначајните македонски поети и борци за социјална правда. Засега не е познат сторителот, а јавноста очекува брза реакција од надлежните институции и откривање на одговорните за овој вандалски чин.