ПРВ.мк
Скопје

НОВИ АНАЛИЗИ: Безбедна ли е за пиење водата во Скопје?

НОВИ АНАЛИЗИ: Безбедна ли е за пиење водата во Скопје?
Kristal

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје објави дека водата за пиење во главниот град е безбедна и соодветна за консумација, според најновите неделни анализи.

Во извештајот се наведува дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 2 до 6 март 2026 година земал вкупно 184 примероци за физичко-хемиска анализа и 184 примероци за микробиолошка анализа, од 40 различни мерни точки низ Скопје. Резултатите покажуваат дека сите примероци ги исполнуваат строгите критериуми утврдени во Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење („Службен весник на РМ“, бр. 183/18).

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје истакнува дека редовните контроли ќе продолжат со цел да се одржи висок квалитет и безбедност на водата за пиење за сите граѓани. Ова значи дека жителите на Скопје можат мирно да ја консумираат водата од чешмите, знаејќи дека е тестирана и безбедна.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo