ПРВ.мк
Скопје

Потпишани првите решенија за новороденчиња во Бутел: Стартува поддршката за младите семејства!

Потпишани првите решенија за новороденчиња во Бутел: Стартува поддршката за младите семејства!

Во Бутел се започна со реализација на мерката за финансиска поддршка на новороденчиња, со што се потпишани првите решенија за исплата на надоместок во износ од 5.000 денари.

Оваа мерка е дел од Програмата за социјална заштита за 2026 година и има за цел да им обезбеди директна помош на младите семејства веднаш по раѓањето на дете, како дел од поширока стратегија за демографска и социјална поддршка.

Од општината нагласуваат дека ова е само еден сегмент од пошироките активности насочени кон подобрување на условите за живот на младите семејства во Бутел, при што се работи и на долгорочни инфраструктурни проекти.

Паралелно со финансиската поддршка, се реализира и изградба на нови детски градинки. Во тек се активности за објекти во Бутел 1 и Бутел 2, а во план е изградба на дополнителни три градинки во Радишани, Визбегово и повторно во Бутел 1.

Целта на овие активности е создавање подобри услови за згрижување и воспитување на децата, како и олеснување на секојдневниот живот на родителите.

Од Општина Бутел порачуваат дека визијата останува јасна – континуирано инвестирање во инфраструктура, социјална поддршка и услови за стабилен развој на секое семејство и секое дете во општината.