ПРВ.мк

Гостопримство и хуманост: Во Чаир секој ден 300 бесплатни ифтари за сиромашните!

Гостопримство и хуманост: Во Чаир секој ден 300 бесплатни ифтари за сиромашните!
VERO Banner

Во текот на светиот месец Рамазан, во скопски Чаир се делат бесплатни ифтари со цел да им се помогне на семејствата кои имаат најмногу потреба за помош.

-Иницијативата „Раката на милоста“ дели бесплатни ифтари спроти џамијата Јахја Паша. Сите тие кои имаат потреба треба само да се регистрираат и ќе им се обезбеди храна за цел месец Рамазан, пренесува репортерката на ТВ21, Фазиле Халили.

Има 14 волонтерки кои никогаш не чувствуваат замор за да им служат на оние на кои им е потребна.

-Не чувствуваме воопшто замор бидејќи кога ги гледаме среќните лица на тие на кои што им е најпотребно тоа е поттик за нас за да продолжиме понатаму и секој ден на Рамазан така делиме бесплатни ифтари, а исто така ги снабдуваме и со прехранбени пакети тие семејства. Сакам да нагласам дека во текот на празникот Бајрам им купуваме и облека на децата, изјави Канита Синани, волонтерка од „Раката на милосрдието“.

Околу 300 лица секој ден во текот на Рамазан добиваат топол бесплатен оброк-ифтар. За да земаат бесплатен оброк, прво треба да се регистрираат.

-Секој доаѓа за да се регистрира и потоа доколку ние потврдуваме дека тоа семејство не е како што се претставува, има случаеви кога им кажуваме дека не им следува. Ифтарите/оброците првично се делат за сираците, потоа сиромашните кои и покрај тоа што работат сепак имаат финансиски проблеми, изјави Анила Исмаили, волонтерка од „Раката на милосрдието“.

Инаку, оваа храна ја обезбедуваат печалбари, но и луѓе од земјава кои по случаен избор поминуваат на улица и помагаат колку што можат.

Иницијативата „Раката на милосрдието“ петта година по ред дели бесплатни ифтари.

Извор: ТВ21

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран