ПРВ.мк

Ѓорѓиевски со нов проект: Бесплатна полуматурска прослава за сите деветоодделенци во Кисела Вода

Ѓорѓиевски со нов проект: Бесплатна полуматурска прослава за сите деветоодделенци во Кисела Вода
Vero

Кисела Вода воведува нов концепт за одбележување на полуматурата, кој за првпат во Македонија обезбедува бесплатна и заедничка прослава за сите ученици од деветто одделение. Иницијативата е дел од новиот телевизиски проект „Мисија Полуматура“, кој се реализира во соработка со Телма телевизија, а зад неа стои градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Проектот има за цел да промовира еднакви можности за сите деца, без разлика на нивната социјална или економска позадина. Прославата е дневна, целосно финансирана од општината, а се организира со учество на околу 40 ученици од сите основни училишта во општината, кои активно се вклучени во осмислување и реализација на настанот.

„Нашата цел е секое дете да има достоинствена можност да одбележи важен животен премин. Со овој проект не само што ја олеснуваме организацијата за родителите, туку и ги учиме младите на тимска работа, одговорност и креативност“, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Првата епизода од емисијата „Мисија Полуматура“ веќе беше емитувана минатата сабота на Телма, со реприза во понеделник, и наиде на позитивен одѕив од јавноста. Проектот претставува спој на едукација, медиумска продукција и забава, преку која учениците ги демонстрираат своите организаторски и комуникациски вештини.

Локалната самоуправа најавува дека ваквите иницијативи ќе продолжат и понатаму, со фокус на инклузија, поддршка и активно учество на младите во креирањето на заедничката иднина.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран