ПРВ.мк

Ѓорѓиевски: По половина век, улицата „Ѓорѓи Димитров“ добива современ лик

Ѓорѓиевски: По половина век, улицата „Ѓорѓи Димитров“ добива современ лик
Jumbo Banner

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ја најави реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Димитров“ како еден од најголемите инфраструктурни зафати во општината. По цели пет децении запоставеност, оваа важна сообраќајна артерија конечно ќе добие нов изглед.

Станува збор за улица долга 1,2 километри и широка 12 метри, која секојдневно ја користат стотици граѓани. Со реконструкцијата се предвидени нов коловоз, широки тротоари, паркинг простори и уреден зелен појас.

„Создаваме целосно ново урбано решение кое ќе го унапреди квалитетот на живот, ќе ја зголеми безбедноста и ќе придонесе за поуредено секојдневие“, изјави Ѓорѓиевски.

Проектот е вреден 51 милион денари и се реализира со поддршка од Владата на Република Македонија, преку Програмата за капитални инвестиции. Ѓорѓиевски се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски за, како што рече, исклучително значајната поддршка.

Во тек е и вториот повик за капитални инвестиции, на кој Општина Кисела Вода повторно аплицира. „Ова е можност што ние, како градоначалници, мора да ја искористиме за да обезбедиме подобри услови за нашите сограѓани“, истакна Ѓорѓиевски, повикувајќи и останатите општини да подготват квалитетни проекти.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран