ПРВ.мк

Севернокорејски војници на фронтот во Украина – Путин им оддаде признание!

Севернокорејски војници на фронтот во Украина – Путин им оддаде признание!
Jumbo Banner

Северна Кореја првпат потврди дека испратила војници да се борат за Русија против Украина. Државната новинска агенција КЦНА објави дека севернокорејската војска им помогнала на руските сили целосно да го ослободат рускиот регион Курск, каде што Украинците упаднаа во август минатата година, заземајќи стотина населени места.

Објавата на Пјонгјанг дојде неколку дена откако шефот на руската војска Валери Герасимов го пофали херојството на севернокорејските војници, што беше прво признание дека тие се вклучиле во војната против Украина.

Украински и западни функционери веруваат дека Северна Кореја испратила околу 11.000 војници во Русија, од кои најмалку илјада загинале во изминатите три месеци. 

Владимир Путин денеска им се заблагодари на севернокорејските војници за учество во борбите против Украина во Курск. Русија тврди дека сега во целост го контролира Курск.

Во соопштение објавено од Кремљ, Путин ги поздрави „херојството, високото ниво на специјална обука и посветеноста на севернокорејските борци, кои, рамо до рамо со руските војници, ја бранеа нашата татковина како своја“.

КЦНА објави дека распоредувањето на севернокорејските трупи било во согласност со договорот за заемна одбрана, што лани го потпишаа Русија и Северна Кореја, додавајќи дека Пјонгјанг е спремен повторно да ѝ помогне на руската војска. Засега нема информации дали Севернокорејците ќе се вратат дома по завршувањето на нивната мисија во Курск.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран