Уште двајца повредени во пожарот во Кочани, кои беа на лекување во Бугарија, се враќаат дома, потврдуваат за 4NEWS.mk од бугарското министерство за здравство.
Со нив во болницата „Свети Ѓорѓи“ во Пловдив се сретна бугарскиот министер за здравство Силви Кирилов.
Двајцата мажи се во болница месец и половина. Имале многу операции. Им била укажана и психолошка помош.
По пожарот 14 лица се пренесени на лекување во Бугарија. Петмина од нив остануваат под опсервација во Пирогов и на Воено-медицинската академија во Варна.
Извор: 4NEWS.mk