Денес, директорот на Националната агенција, Петар Богојески, донесе нова процедура за постапката за избор на надворешни експерти/евалуатори за оценување на предлог-проекти и/или периодични и конечни извештаи од одобрени проекти, како и за апликации во рамките на програмите Еразмус+ (2021–2027) и Европски солидарен корпус (2021–2027).
Во таа насока, ќе следува целосна реевалуација на постојните евалуатори, согласно највисоките професионални стандарди и етички норми. Потоа, ќе биде објавен нов јавен повик за избор на професионални и департизирани евалуатори, експерти од различни области, кои со својата стручност и интегритет ќе придонесат кон натамошно зајакнување на кредибилитетот на Агенцијата.
Со оваа постапка, Националната агенција испраќа јасна порака дека борбата против корупцијата е приоритет и дека се стреми да биде пример за интегритет и професионализам, не само во нашата земја, туку и во земјите членки на Европската унија.