Во Скопје се случи нова несреќа во јавниот превоз — 57-годишна жена се здобила со тешки телесни повреди откако паднала во автобус што сообраќал по булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“.
Според информациите од СВР Скопје, жената била патничка во автобус управуван од 59-годишен возач од Волково. За време на возењето, по засега непозната причина, таа изгубила рамнотежа и паднала во внатрешноста на возилото.
Погодената патничка веднаш била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде лекарите констатирале дека се работи за тешки телесни повреди.
На местото на инцидентот извршен е увид од страна на екипа на СВР Скопје, а се работи на целосно расчистување на околностите под кои дошло до несреќата.















