ПРВ.мк
Скопје

ДРАМА НА ИГРАЛИШТЕ: Куче нападна 7-годишно девојче среде детски парк!

ДРАМА НА ИГРАЛИШТЕ: Куче нападна 7-годишно девојче среде детски парк!

Нов вознемирувачки инцидент со куче е пријавен во Скопје, откако седумгодишно девојче било нападнато на детско игралиште во населбата Карпош.

Според информациите од СВР Скопје, случајот бил пријавен вчера во 20:30 часот од страна на 38-годишната Н.Т. од Скопје, мајка на девојчето.

Таа пријавила дека околу 15:00 часот, додека детето престојувало на детско игралиште на подрачјето на Карпош, било нападнато од куче кое имало сопственик.

Засега не се соопштуваат повеќе детали за степенот на повредите, ниту за околностите под кои дошло до нападот, но случајот предизвика загриженост кај жителите, особено поради тоа што инцидентот се случил на место каде секојдневно престојуваат деца.

Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста.