ПРВ.мк

Топ 10 американски актери со најголема заработка во 2024 година, првите двајца заработиле повеќе од 160 милиони долари

Топ 10 американски актери со најголема заработка во 2024 година, првите двајца заработиле повеќе од 160 милиони долари
VERO Banner

Американскиот глумец и пејач Вил Смит заработи 26 милиони долари, заземајќи го 10тото место на листата на најплатени славни личности, пред Маришка Харгитај која заработи 25 милиони долари. Најголем дел од неговата заработка доаѓа од филмот „Лоши момци: Сѐ или ништо“ (Bad Boys: Ride or Die), четвртиот дел од серијалот, кој оваа година заработи 404,2 милиони долари ширум светот, со продукциски буџет од 100 милиони долари.

Адам Сендлер исто така заработи 26 милиони долари, благодарение на филмовите „Астронаут“ (Spaceman) и „Среќниот Гилмор 2“ (Happy Gilmore 2).

Австралиската актерка Никол Кидман заработила 31 милион долар, благодарение на успешната година во која имала улоги во филмовите „Малечка“ (Babygirl), „Семејна афера“ (A Family Affair) и „Магепсани“ (Spellbound) на Нетфликс.

Џорџ Клуни, кој се појави во филмовите „Волци“ (Wolves) со Бред Пит и „Ако“ (IF), заработи 31 милион долари.

Бред Пит, покрај улогата во „Волци“, продуцираше седум други филмови, а неговата вкупна заработка била 32 милиони долари.

Хју Џекмен заработи 50 милиони долари, најмногу благодарение на филмовите „Дедпул и Вулверин“, кои заработија 1,34 милијарди долари ширум светот.

Џери Сајнфелд, кој лани стана милијардер, заработи најмалку 60 милиони долари од филмот „Одмрзнат“ (Unfrosted).

Кевин Харт е на третото место со заработени 81 милион долари, благодарение на филмот „Погранична област“ (Borderland), продолжението на „Умри машки“ (Die Hart) и преку 90 настапи во стенд-ап шоуа.

Рајан Рејнолдс заработи 85 милиони долари, главно од улогите во „Дедпул и Вулверин“, но и како продуцент на новите епизоди од серијата „Добредојдовте во Рексам“ и за неговиот ангажман во преработката на сценариото за филмот „Ова завршува со нас“ со Блејк Лајвли.

Двејн Џонсон е на врвот на листата со заработка од 88 милиони долари. Неговиот успех доаѓа од филмовите „Црвениот“ (Red One) на Амазон и „Моaнa 2“.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран