ПРВ.мк

Српскот претставник на Евровизија обвинет за педофилија, протекоа пораките кои ги испраќал (ФОТО)

Српскот претставник на Евровизија обвинет за педофилија, протекоа пораките кои ги испраќал (ФОТО)
VERO Banner

Пејачот Стефан Здравковиќ Принц ја освои победата на неодамна одржаниот музички натпревар „ПЗЕ“ и со песната „Мила“ ќе ја претставува Србија на „Евровизија 2025“ во Базел.

По неговата победа, почнаа да се шират различни шпекулации за Принц. На социјалната мрежа „Х“ се појавија шокантни пораки кои се поврзуваат со него, а наводно ги испратил на помлади девојки.

„Колку години имаш?“ „17“ „Оооо“ „Знам“
„На која возраст си?“ „06“
„Леле“

Не само Србите, туку и странските корисници на социјалните мрежи го нападнаа Принц, обвинувајќи го за наводна педофилија. Шокантните објави за него продолжија да се шират на интернет.

Во оваа ситуација, Принц реши да се огласи и ја објасни својата страна на настаните. Тој изјави дека станува збор за местенка и дека разбира оти некои луѓе можеби не се задоволни што тој е избран да ја претставува Србија, но дека не го прифаќа ваквиот тип на напади.

„Прифаќам дека на некои луѓе не им се допаѓа што ќе ја претставувам Србија на Евровизија, но не прифаќам ваков тип на сајбер криминал. Случајот е пријавен во Одделот за високотехнолошки криминал и тие се многу успешни во решавањето на вакви случаи“, пишуваат српските медиуми. 

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран