26 годишната девојка го привлече вниманието со својот неочекуван стајлинг.
Парис Џексон присуствуваше на една од ревиите на модната недела во Париз, а се појави во проѕирен фустан кои откри многу, на радоста на нејзините следбеници.
За оваа пригода таа облече целосно проѕирен црн фустан до подот и ја следеше ревијата на Стела Макартни за колекцијата есен/зима 2025/2026 година.
Провокативниот стајлинг го „зачини“ само со прстени, а изгледа дека нема потреба од ништо друго, бидејќи нејзините гради беа во преден план.
Иако многумина се запрашаа дали носи долна облека, на фотографиите се гледа како носи гаќички во боја на кожа.