ПРВ.мк

Откажан концертот на Канје Вест во Јужна Кореја поради контроверзии

Откажан концертот на Канје Вест во Јужна Кореја поради контроверзии
Vero

Јужнокорејската компанија за е-трговија Coupang го откажа концертот на американскиот музичар Канје Вест (сега познат под името Је / Ye), кој беше закажан за 31 мај во Инчеон, поради, како што наведоа, „недамнешни контроверзии поврзани со уметникот“.

Во заедничкото соопштение од Coupang и платформата за продажба на билети Interpark не се прецизира кои конкретни контроверзии се во прашање. Сепак, откажувањето доаѓа откако Вест неодамна објави песна со наслов „Heil Hitler“, во која отворено искажува симпатии кон нацистичкиот лидер Адолф Хитлер — човекот кој се смета за одговорен за Холокаустот и масовните злосторства во Втората светска војна.

Соработката на Вест со неколку големи компании веќе беше прекината претходно. Меѓу нив и Adidas, која уште во октомври 2022 година ја раскина партнерската врска со уметникот поради серија антисемитски изјави. Последниот пар патики од неговата линија Yeezy беше распродаден во март оваа година.

Организаторите потврдија дека на сите купувачи на билети ќе им биде вратен износот, а производите од брендот Yeezy се повлечени и од платформата Coupang Play, која требаше да биде и домаќин на откажаниот концерт.

Откажувањето предизвика бурни реакции кај јавноста во Јужна Кореја, каде што билетите за настапот беа распродадени за само неколку часа.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран