Кајли Џенер на одмор – повторно во центарот на вниманието поради изгледот
Ријалити ѕвездата и бизнисменка Кајли Џенер повторно е во фокусот на јавноста, овојпат поради фотографии од нејзиниот одмор што ги објави британскиот таблоид Daily Mail. Иако во последно време привлекуваше позитивни реакции по своето прво официјално појавување на црвениот килим со партнерот, нејзиниот физички изглед повторно стана тема на шпекулации.
Кајли е фотографирана во златно минијатурно бикини на плажа, кое ги нагласува нејзините облини. Веднаш по објавувањето, корисници на социјалните мрежи започнаа дебата дали зад нејзиниот изглед стои хируршка интервенција, конкретно таканаречениот „бразилски лифтинг“ (BBL) – процедура што таа претходно јавно ја негираше.
Некои експерти за естетска хирургија, кои го следеле трансформирањето на нејзиниот изглед со текот на годините, посочуваат дека е можно да се работи за BBL, но не ја исклучуваат и можноста дека резултатите се должат на природно слабеење и интензивно вежбање.
И градите повторно станаа тема на дискусија, иако Џенер претходно јавно призна дека имала хируршка интервенција на градите уште пред раѓањето на нејзината ќерка Сторми.
И покрај постојаните коментари и гласини, Кајли Џенер останува една од највлијателните јавни личности, и често во центарот на вниманието – како поради нејзиниот приватен живот, така и поради визуелниот имиџ.