Ким Кардашијан повторно го привлече вниманието на јавноста, и тоа на начин на кој најдобро знае – полугола, а нејзините следбеници ја пофалија за неверојатниот изглед.
Ријалити ѕвездата и успешната претприемачка се појави во провокативни бикини, позирајќи како најдобра реклама за нејзиниот бренд SKIMS. На фотографиите, таа најави нови модели бикини од својата колекција, позирајќи клекната на песочна плажа со тиркизно-сини води во позадина.
Сепак, сè друго остана во сенка пред нејзините неодоливи облици, кои повторно го привлекоа вниманието на сите, со препознатливата фигура во облик на песочен часовник, која никого не остави рамнодушен.