ПРВ.мк
Сцена

„Ова е најкомплицираниот договор!“: Жељко Митровиќ откри кои биле барањата на Зорица Брунцлик

„Ова е најкомплицираниот договор!“: Жељко Митровиќ откри кои биле барањата на Зорица Брунцлик
Escape

Сопственикот на Пинк, Жељко Митровиќ, откри детали од преговорите и барањата на легендарната пејачка Зорица Брунцлик, која се приклучи на новата сезона на шоуто „Пинкови ѕвезди“. По потпишувањето на договорот, Митровиќ сподели фотографија на својот Инстаграм и најави дека ова е „најкомплицираниот договор“ што го имал досега.

Покрај Зорица, во новата сезона ќе учествуваат и раперот Драгомир Депсиќ Десингерица и композиторот Драган Стојковиќ Босанац. Митровиќ додаде дека го очекуваат уште многу изненадувања, најавувајќи највозбудливата сезона на шоуто до сега.

Mia Home Mavrovo