ПРВ.мк
Топ Вести

Ѕвезда што ја освои Македонија и светот – 45 години од раѓањето на Тоше Проески!

Ѕвезда што ја освои Македонија и светот – 45 години од раѓањето на Тоше Проески!
Kristal

На 25 јануари 1981 година во Прилеп се роди Тодор „Тоше“ Проески, македонски пејач чиј музички опус и хуманитарен ангажман го направија една од најзначајните личности на современата македонска култура. Потекнува од влашко семејство од Крушево и уште од детството покажа голем талент за музика. Во 1992 година дебитира на детскиот фестивал „Златно славејче“ во Скопје, а музичкото образование го продолжи во Битола и на Музичката академија во Скопје.

Професионалната кариера ја започнува во 1997 година на фестивалот „Мелфест“ во Прилеп, каде победи со изведба на „Yesterday“ од „Битлси“. Настапот на „Макфест“ со песната „Пушти ме“ го зацврсти неговото место во македонската музичка сцена, а хитови како „Пушти ме“ и „Остани до крај“ го означија неговиот ранен подем. Пресвртна точка е настапот на Скопскиот фестивал во 1999 година со „Твоите бакнежи на моите бели кошули“, што дополнително го потврди неговиот талент.

Деби-албумот „Некаде во ноќта“ (1999) беше само почеток на интензивната продукција и концертна активност. Следуваат „Солзи прават златен прстен“ и „Синот Божји“ (2000), кои содржат неколку од неговите најпознати песни. Во 2003 година со победата на „Беовизија“ со песната „Чија си“ се закити со статус на водечка поп-ѕвезда на Балканот, а во 2004 година ја претставува Македонија на Евровизија со англиската верзија на „Ангел си ти“ – „Life“, освојувајќи 14. место во финалето.

Тоше соработувал со бројни познати автори и изведувачи од Македонија и регионот, меѓу кои Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Миро Буљан, Антонија Шола и Тони Цетински. Песната „По тебе“ се смета за едно од најуспешните поп-изданија на Балканот.

Хуманитарниот ангажман на Тоше беше исто толку значаен колку и музиката – во 2004 година беше именуван за Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ, а песната „За овој свет“ стана препознатлив симбол на неговиот ангажман. Организираше бројни хуманитарни концерти, а последниот голем настап се одржа на 5 октомври 2007 година во Скопје, посветен на поддршка на образованието.

Трагично го загубивме на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска. По неговата смрт, беше посмртно прогласен за заслужен граѓанин на Македонија, а 17 октомври 2007 година беше прогласен за Ден на национална жалост. Тоше Проески останува вечен симбол на музичката магија и добрината на Балканот.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo