ПРВ.мк

Илиевски: Нов бунар во Долно Седларце за подобро водоснабдување

Илиевски: Нов бунар во Долно Седларце за подобро водоснабдување
Jumbo Banner

Општина Брвеница, во соработка со ОЈП Вардар, започна проект за бушење на нов бунар во Долно Седларце, со кој ќе се обезбеди значително поголема сигурност во водоснабдувањето за жителите на Брвеница и Долно Седларце.

Градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски, истакна дека овој проект е од особена важност за локалното население, кое со години се соочува со предизвици поврзани со водоснабдувањето.

„Со овој бунар ќе овозможиме постојан и сигурен доток на вода за граѓаните. Општината посветено работи на решавање на инфраструктурните потреби на жителите, а вложувањата во водоснабдувањето остануваат еден од нашите приоритети“, изјави Илиевски.

Проектот е дел од пошироката стратегија на Општина Брвеница за подобрување на основната инфраструктура, а завршувањето на бунарот се очекува во наредните месеци.

ELS
Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран