Ице Андонов, еден од вработените во ноќниот клуб „Пулс“, херојски успеа да спаси бројни животи влегувајќи во огнот неколку пати – но за жал, по цена на сопствениот живот. Имаше 21 година.
Една од неговите последни желби била да го изложи својот автомобил на изложба за автомобили.
Неговиот автомобил ќе биде изложен на
Car Show – Битола со сите почести, а сите трошоци за истото ќе бидат целосно покриени од страна на Car Club Bitola. Покрај неговиот автомобил ќе биде поставена и кутија за донации, со цел да
се помогне на неговото семејство во овие
тешки моменти.
Нашата најголема желба беше Ице самиот да се појави со својот автомобил.
Почивај во мир, херој.