ПРВ.мк

Германското оружје во Украина често неупотребливо, извештај

Германското оружје во Украина често неупотребливо, извештај

Тешкото вооружување испратено од Германија во Украина често е неупотребливо во борбите и е подложно на дефекти, се вели во интерен извештај цитиран од германските медиуми во четвртокот, пренесуваат австските агенции.

„Оклопната хаубица 2000 е технички чувствителна до тој степен што често се доведува во прашање нејзинта борбена употребливост“, се коментира во интерниот документ на Бундесверот и Министерството за надворешни работи, што го објави истражувачкиот тим на јавните радиодифузери WDR и NDR и дневниот весник Sueddeutsche Zeitung.

Се вели дека оклопната хаубица „2000“ е „прецизно оружје“, но честопати е нефункционалната поради софтверски проблеми и прегревање на цевката.

И тенковите „Leopard I“ и „Leopard II“ се критикувани поради комплицираното одржување и слабата оклопеност, што е особено случај со тенкот „Leopard I“.

Vero

„Leopard II не е возможно да се одржува на самиот фронт, туку е потребно негово враќање во базата“, се наведува во искуствата што украинската армија му ги проследила на германското воено аташе во Киев.

Многуфалениот систем за противвоздушна одбрана „Iris“, исто така, се најде под критики дека е „прескап“, како и понапредниот американски систем „Patriot“ од кој повеќе единици Германија ѝ испорача на Украина, кој во извештајот е опишан како „одличен систем за противвоздушна одбрана“, но возилата на кои е инсталиран овој систем се „премногу стари и тешко се наоѓаат делови за нив“.

Според мислењето на германското воено аташе, германската тешка артилерија е „условно подготвена за воено секојдневие“.

„Корисната вредност на оружјето е сомнителна ако војниците не можат да го одржуваат на лице место, односно на бојното поле“, забележува аташето во спомнатиот извештај.

Германското Министерство за одбрана одбило да ги коментира наводите на аташето и нагласи дека е во процес на „редовна размена на информации со украинската страна“.

Неименувани кругови во Бундесверот сметаат дека украинската армија, со оглед на фактот дека добила многу различни оружја за употреба од западните партнери, е принудена постојано да импровизира.

Воените експерти посочуваат дека извозот на резервни делови го забавува и големата германска бирократија потребна за извоз на воен материјал.

Agria